10 кратки МАКЕДОНСКИ вицови, затоа што смеењето на своја сметка е најслатко
Македонската армија патува кон украина со два таксисти.
– – – – – – –
Македонија има 2 проблеми: Патиштата и политичарите. Едниот проблем може да се реши со валјак, а со патиштата е покомплицирано.
– – – – – – –
Кога светот ќе измисли летачки автомобили, Македонија ќе измисли воздушни дупки.
– – – – – – –
Резултатите од последниот попис велат дека на секој маж во Македонија му се паѓа по жена и нешто, со други зборови кажано, на секоја жена во Македонија ѝ се паѓа по маж без нешто.
– – – – – – –
Нема производ за еднократна употреба, кој Македонецот не го искористил 2 пати.
– – – – – – –
Во Македонија сите предмети си имаат мајка, а поострите имаат и поширока фамилија.
– – – – – – –
– Ме боли коленото.
Америка: – Отиди на ортопед.
Германија: – Отиди на ортопед.
Франција: – Отиди на ортопед.
Македонија: – Ќе врне дожд.
– – – – – – –
Ако уште малку ги скапнат горивата, цела Европа ќе почне да оди пеш, само Македонците ќе возат гладни.
– – – – – – –
Препорака во Македонија:
– Кажи дека јас те праќам.
– – – – – – –
Кога Македонец ќе застане во голема редица, не се радува ако редот пред него се намалува, туку ако редот позади него се зголемува.
