10 кратки, но слатки вицови

– Господине Судија, човекот што го удрив со автомобилот разговараше на телефон и пиеше ракија…
– Госпоѓо, тој може да прави што си сака во својата дневна соба!

– – – – – –

Кај жените нештата се едноставни – ако мажот е добар, грижлив, паметен – пријател. Ако е го*но – љубов за цел живот.

– – – – – –

– Наде, овој десертот крцка бе, мила!
– Знам бе душо ама во рецептот пишуваше „Ставете три цели јајца“…

– – – – – –

– Маре, сакаш ли да имаш с*кс со мене за 1000 денари?!
– Ти луд ли си, бе?
– Ајде ма, те молам! Многу ми требаат!

– – – – – –

– Брат, како е новото апаратче за слушање?
– Петнаесет до три.

– – – – – –

Современа клетва:
– Син да ти се роди, снаа да ти доведе, исправена да моча!

– – – – – –

Гасеницата јаде многу и се претвора во прекрасна пеперуга. Мене не ми е јасно каде точно грешам?!

– – – – – –

Не сака секоја жена иска да ја носиш на раце. На пример, некои се чувствуваат добро и кога ќе ти се качат на главата!

– – – – – –

Секоја жена заслужува маж, кој ќе ја гледа како последното пиво во фрижидерот, а не како леќа на Први мај.

– – – – – –

Долго време се мислев, какви чорапи да облечам со сандалите. На крајот решив – белите! Свадба е сепак.