10 кратки новогодишни вицови за кажување во друштво на најлудата ноќ
Во минатото најхрабрите мажи оделе во војна. Денес најхрабрите мажи одат во трговски центар во последниот викенд пред Нова Година.
– – – – – – –
Му порачав на Дедо Мраз да ми ја донесе една нова Тесла. Сега ме копка дали ме разбрал правилно.
– – – – – – –
На неколку дена пред Нова Година некој ѕвони на вратата.
– Кој е?
– Платата!
– Ооо, повели влази. Седни!
– Нема потреба, за кратко сум само.
– – – – – – –
Дедо Мраз оди на психијатар и вели:
– Не верувам во себе…
– – – – – – –
Во какви луѓе сум верувала… Зошто пак да не верувам и во Дедо Мраз?!
– – – – – – –
01.01. датумот на кој 86% од жените започнуваат диета, а 78% од мажите почнуваат да вежбаат.
– – – – – – –
Ноќта на Божиќ. Одделението за гастроентерохепатологија. Во салата влегува нервозна медицинска сестра со една цевка во раката, се доближува до еден пациент и му шепнува на увото:
– Мери КлиЗмас, душо!
– – – – – – –
Започнувам засилено да учам албански и турски и после Нова година се селам во Германија!
– – – – – – –
– Ало, Илиев!
– Ооо, здраво шефе. Што има?
– Ќе ти зададам една гатанка: Не пуши, не пие, а на Нова Година е дежурен. Кој е тој?
– – – – – – –
Не заборавајте дека:
Сите чинии кои ќе ги сликате на новогодишната вечер, наредниот ден ќе треба да ги измиете!