10 кратки вицови делуваат поефикасно од дијазепам
Учебната година со онлајн настава е при крај. Наскоро родителите ќе си ги видат оценките…
– – – – – –
Дедо в аптека:
– Чедо, има ли кондоми?
– Да дедо, со малини, јагоди банани…
– А нешто со арматура нема ли?
– – – – – –
Се собрале мајки на родителска средба и сите љубопитно прашуваат една:
– Одамна си разведена, не ли ти е тешко без маж?
– А не, со вашите ми е добро.
– – – – – –
Глупавите луѓе секогаш велат НЕ. Вие глупави ли сте?
– – – – – –
Рецепт: Јајца на ергенски начин:
„Го отвораш фрижидерот, си ги почешуваш јајцата, го затвораш фрижидерот.
– – – – – –
Моите комшии секое сабајле слушаат рок. И ич не ми е гајле сакаат ли да слушаат или не сакаат!
– – – – – –
– Мамо, ти машко или женско сакаше?
– Јас сине, само сакав да си ги врзам патиките.
– – – – – –
За време на свадба две комшивки си прават муабет:
– Невестата изгледа уморено!
– Секако дека ќе изгледа, за тоа место се бори цели 10 години!
– – – – – –
Толку многу проблеми имам во моментов, што ако ми излезе нешто ново, најрано после два месеци можам да почнам да му се нервирам.
– – – – – –
– Жено, ако умрам млад, сакам да е од с*кс.
– Па добро е, многу брза смрт си си одбрал.