10 кратки вицови и афоризми за повесел ден

Македонецот трпи, трпи и наеднаш кога ќе му дојде преку глава, оди во Италија да бере грозје.

– – – – – –

– Бабо, што е тоа “Гестапо”?
– Многу лошо нешто, бабе! Зошто прашуваш?
– Е па тато кога ќе те види вели „Ајдеее, Гестапо пак дојде…“

– – – – – –

Добра шанса е, ако жена дојде на прв состанок со ластиче за коса на раката…

– – – – – –

– Мажите веќе толку многу се разнежнија и се еманципира, што ми се сака да пробам и со жена!
– Во тоа нема ништо лошо, Коле!

– – – – – –

– Како да разликуваме јагоди од печурки?
– Ги вариме. Ако се добие супа, печурки се! Ако се добие компот – јагоди се!

– – – – – –

Скржав Евреин ја прашува жена си:
– Колку даде за тие чевли мори?
– Само два пати!
– уф, добро е. Јас мислев пари си давала…

– – – – – –

Македонците во странство ги сакаат и Заев и Мицковски, затоа што секогаш кога ќе ги фати носталгија за дома, тие им помагаат да им помине желбата за враќање.

– – – – – –

– Зошто во исламските земји е забранет алкохолот?
– Замисли си, се враќаш дома пијан, а зад вратата цел харем жени со сукала.

– – – – – –

Поминува автомобил и од прозорецот еден млад дечко вреска на цел глас:
– Дипломирав пе*ериии!!!
Веднаш станува јасно дека поминува образован човек.

– – – – – –

Животот е убав кога двајцата сопружници имаат заеднички интереси. Тој обожава да оди на риба и таа обожава кога тој оди на риба.