10 кратки вицови и афоризми за повесел ден
– Докторе, кога ќе заврши пандемијата во Македонија?
– Не знам, не ме интересира политика…
– – – – – –
Кога политичар со вратоврска од 1000 евра ти објаснува дека можеш да живееш со 200 евра, спонтано ти доаѓа да му ја затегнеш вратоврската!
– – – – – –
Депресија на македонски: Кога и туѓата несреќа повеќе не те радува.
– – – – – –
Внуката:
– Бабооо, може ли да си отворам Инстаграм?
– Ништо ти нема да отвараш! Ќе влезат муви!
– – – – – –
– Знаеш ли како сега во САД се вика црниот чај?
– Не, како?
– Незелен.
– – – – – –
– Кажете ми, какви видови на психолошко насилство знаете?
– Надвор е лето, птичките пеат, сонцето пече. Сѐ е ОК.
– И каде е тука насилството?
– На работа сум…
– – – – – –
– Попе, велат дека по цел ден дремете на Фејсбук и нема никој во црквата…
– Кој ти го кажа тоа, чедо, да го блокираааааам?
– – – – – –
Жената треба да е како пеперутка – убава, нежна и тешка за фаќање, а не како мува – досадна, дрска и само чека некој да ја исплеска.
– – – – – –
Многу често твојата „нова принцеза“ е нечија стара „вештерка“!
– – – – – –
Кога жена му се врати дома со пакет лименки пиво во рацете, му отвори една, му пушти фудбал и почна да прави стриптиз, тој сфати дека колата не подлежи на ремонт!