10 кратки вицови и афоризми за повесел ден
– Жено, доста за тие секодневни проблеми! Ајде да си направиме муабет за вечното!
– Добро! Зошто вечно немаш пари!?
– – – – – – –
„Кога една врата се затвора, друга се отвора.“
Шкаф од ИКЕА
– – – – – – –
Во продавница.
– Што ѝ треба на дамата?
– Добар и богат маж, просторна куќа со двор, чоколадна торта, убава книга, патување во странство… Инаку по леб дојдов…
– – – – – – –
Кога на мажот му е лошо, тој бара жена.
Кога на мажот му е добро, жена му го бара!
– – – – – – –
Само 30% од мажите сакаат полнички жени. Останатите сакаат секакви!
– – – – – – –
– Што правиш за време на летото?
– Пијам ракија и одам на риба.
– А кога е зима?
– Истото, само без одењето на риба…
– – – – – – –
Ако маж те види без шминка, по тренерки и ролка и продолжи да тврди дека си убава – честитки! Си го преплашила до смрт.
– – – – – – –
Промрморуваш неколку збора во црквата и веќе си женет.
Промрморуваш неколку збора во сон и веќе си разведен?!
– – – – – – –
Жената му се дере на мажот:
– Ти воопшто не ме слушаш кога ти зборувам!
– Кој?
– Ти бе…
– Што јас?
– – – – – – –
Кај нас кризата не е толку страшна, колку што се мерките за нејзиното надминување!