10 кратки вицови и афоризми за повесел ден

Во денешно време сѐ се прави во Кина, дури и болестите!

– – – – – –

Разговараат двајца пратеници во македонското собрание за тоа какви подли колеги имаат:
– Брат, вчера влегувам во тоалетот на парламентот и гледам на земјата 50 евра.
– И што се случи?
– Таман се наведнав да ги земам и осеќам како ги заработувам…

– – – – – –

Родителот:
– Како помина матурата?
Детето:
– Важно е да сме живи и здрави!

– – – – – –

Си направив лажен профил за да си ја проверам жената. Се запознавме, пофлертувавме… И така дознав дека сум умрел пред две години.

– – – – – –

Им се развикав на децата пред зградата, дека ако не запрат да ми викаат под терасата, ќе им ги е*ам мајките.
Една мајка веднаш се јави од нејзината тераса:
– Ова моето дете најмногу вика!

– – – – – –

– Мажу, ја виде ли новата комшивка?
– Ја видов, зошто?
– Ми изгледа многу палава! Се надевам дека ја изигнорира!
– Да, да, ја изигнорирав, дури три пати!

– – – – – –

Разговараат двајца мажи:
– Штом некоја вечер ќе претерам со пиењето, наредното утро сум буквално претепан! А ти?
– Јас сум ерген.

– – – – – –

– Мила, сношти во фрижидерот имаше 4 парчиња торта, а денес е само едно?
– Аууу, извини, во темното не сум го видела!

– – – – – –

Комшијата ми се пофали дека спиел со сите жени од згрдата, освен со една. Жена ми веднаш се сети дека тоа е онаа дебелата од вториот кат…

– – – – – –

– Душо, ако отидам на службен пат, ти што ќе правиш?
– Па ништо шознам, истото што и ти!
– Е па тогаш не одам!