10 кратки вицови и афоризми за весел старт на работната недела

Стоматологот:
– Завршивме, еве ова е вашиот заб!
Пациентот:
– Благодарам докторе, еве ова е вашата рачка од столот.

– – – – – – –

Ако имаш пиштол, можеш да ограбиш банка. Ако имаш банка, можеш да ги ограбиш сите.

– – – – – – –

– Ќерко, те видов како возиш автомобил, а до тебе маж со сива коса.
– Тато, учам да возам. Тоа до мене беше иснтрукторот. Пред да почнам беше со црна.

– – – – – – –

Како се донесуваат одлуки дома?
Когато со жена ти имате различно мислење, одлуката ја донесува таа.
Кога имате исто мислење – ти!

– – – – – – –

Во старите добри времиња, книгите ги пишуваа писателите, а ги читаа сите. Денес книгу пишуваат сите, а никој не чита.

– – – – – – –

Денес си ја платив сметката за струја, ставив бензин и паднав за неколку места надолу на листата на Форбс.

– – – – – – –

Детето на психологот во продавница за играчки не бара директно да му купат играчка, туку прашува:
– Кажи ми мамо, и твоето детство ли беше сиво и тажно?

– – – – – – –

Мажот се враќа од „риболов“.
Жена му го прашува:
– Фати ли нешто?
– Се надевам дека не…

– – – – – – –

Жената, којашто бара маж со многу пари, на крај добива маж со многу жени!

– – – – – – –

Sms од мајката: „Прифати ја мојата покана за пријателство на Фејсбук!“
Синот: „Ти имаш Фејсбук? WTF!“
Мајката: „Што е WTF?“
Синот: „Welcome to facebook!“