10 кратки вицови, САМО за љубителите на црниот хумор

Веќе никој не вели „Биди позитивен!“

– – – – – –

– Си ѝ кажал ли некогаш на жена ти искрено што мислиш за неа?
– Да! Сакаш ли да ти го покажам белегот?

– – – – – –

– Жено, докторот ми рече дека ми остануваат 6 часа живот, да го направиме тоа за последен пат, а?
– А не, изморена сум, си легнувам да спијам. Ти си лесен, утре нема да стануваш!

– – – – – –

– Која е сличноста меѓу жената и коронавирусот?
– И двете можеш да ги поминеш на нога, но подобро е во кревет!

– – – – – –

Нормално дека во Кина нема бездомни кучиња… Ај најдете бездомно прасенце во Македонија…

– – – – – –

Отидов на офталмолог.
Докторот:
– Резултатите Ви се готови.
Јас:
– Може ли да ги видам?
Докторот:
– Веројатно не.

– – – – – –

Секој маж може да избираа, надвор со короната или дома со чумата.

– – – – – –

– Келнер, во супата ми плива слушно апаратче!!!
– Штоооо?!?

– – – – – –

Веќе не се фалиме со убавите тела, туку со антитела!

– – – – – –

Не се убивај за жена, ќе ти дојде на погребот со друг.