10 кратки вицови само за љубителите на црниот хумор

– Госпоѓо, вие сте позитивна на Ковид 19! Не може да имате контакти со вашето семејство!
– А со свекрвата може ли?

– – – – – –

– Вие ли сте пациентката со шизофренија?
– Да, ние сме…

– – – – – –

– Мила, како се викаше оној Германецот заради кој го изгубив паметот?
– Алцхајмер!

– – – – – –

– Тато, тато, ќе ми купиш ли кученце за Нова Година?
– Ама, сине, јас колку кучиња веќе ти купив? Каде одат, што ги правиш?
– Не знам што се случува со нив тато, чесен виетнамски збор!

– – – – – –

Чуварот на затворот влегува во ќелијата на осудениот на смрт и му вели:
– Слушај, утре кога ќе те стават на електичниот стол и ќе те прашаат која ти е последна желба, секако исто ти се фаќа што и да посакаш, може ли да те замолам да посакаш да ми ја зголемат платата?

– – – – – –

Од догодина ќе имаме уште еден државен празник „Денот на ослободувањето од Ковид“.

– – – – – –

– А бе, жена ти многу се разубавила во последно време?
– Зошто мислиш така?
– Вчера ја видов на брзина, одевте некаде со колата.
– Не бе, си се препознал… Го носев булдогот на ветеринар.

– – – – – –

Турист бега од канибал и со последни сили му вели:
– Остави ме! Треба да хранам жена и две деца!
– Аха, а моите гладни ли да седат?!

– – – – – –

Таа беше толку грда, што кога се качи на врвот на планината и извика:
– Те сакааам!
Ехото и одговори:
– Имам женскааа!

– – – – – –

Колку малку му треба на човек за да е среќен? Наутро шолја кафе за будење, навечер рака таблети за заспивање…