10 кратки вицови, само за љубителите на црниот хумор

– Докторе, го изгубивме!
– А не, го најдовме! Под креветот се скрил гадот! Ајде бе излегувај да те оперираме!

– – – – – –

Две баби си прават муабет на клупата пред зградата.
– Митро, мојот изгледа оди по к*рви.
– Твојот умре мори Стојно!
– Аааа, затоа ли не се прибира дома?

– – – – – –

– Извинете, убава госпоѓо, мајка ви не ли си бара зет?
– Драг господине, уште не го дојала сегашниот…

– – – – – –

Докторот ѝ вели на пациентката:
– Госпоѓо, имате ангина!
– Сакам и второ мислење!
– Добро, не е проблем. Освен тоа, сте и дебела!

– – – – – –

На неговиот погреб толку го фалеа, што вдовицата два пати отиде да погледне кој лежи во ковчегот.

– – – – – –

– Тато, сакам да станам балетан.
– Не, Кире, тоа е опасно!
– Зошто?
– Затоа што ќе ти ја скршам главата.

– – – – – –

Мажот и жената седат во дневната, тој чита весник, а нејзе ѝ е досадно.
Жената:
– Ме сакаш ли?
– Мхм.
– А ќе плачеш ли кога ќе умрам?
– Се разбира.
– Покажи како ќе плачеш!
– Прво умри!

– – – – – –

Канибал почнал да си нарачува вечера со достава до дома. Сега не знае што да прави со моторчињата.

– – – – – –

Авганистан. Оди по улицата еден маж, а пред него жена му. Комшијата го гледа и го прашува:
– А бе, зошто жена ти оди напред, Куранот забранува!
– Пријателе, остави ја ти таа работа. Кога го пишувале Куранот, уште немало нагазни мини. Оди Ајше, оди!

– – – – – –

– Од што почина мажот ви?
– Од отровот.
– Изгледа како претепан!
– Не сакаше да го пие!

———-

Кога к