10 кратки вицови за брзо и ефикасно кревање на расположението
Убавата сума, железни врати отвора…
– – – – – –
Македонец објавува статус на Фејсбук:
„Сакам да го поздравам брат ми, со кој се скаравме пред 5 години за едно прасе. И да му кажам дека ако ми го врати, се ќе му простам!“
– – – – – –
Жените се неверојатни:
Ти не кажуваш ништо, а сѐ те разбираат,
тие кажуваат сѐ, а ти ништо не разбираш.
– – – – – –
– Комшо, ти се капеш ли после с*кс?
– Обавезно…
– Иди е*и нешто, ти се молам…
– – – – – –
Жената, кликајќи на линк на онлајн продавница.
– Сакаш ли да ти покажам каква јакна сакам за подарок за Св. Валентин?
Мажот, кликајќи на линк во п*рно сајт:
– А ти сакаш ли да ти покажам што треба да правиш редовно, за да добиваш такви подароци?
– – – – – –
За да е успешен еден брак, жената не треба да пегла кошули, туку да ги гужва!
– – – – – –
– Тато, тато, погоди како се вика мојата учителка во градинка? Почнува на буквата „Т“.
– Тамара?
– Не…
– Татјана?
– Не…
– Тина?
– Неее…
– Не знам… Како се вика?
– Тетка Марија.
– – – – – –
Чак Норис си имал магнет и на него си лепел фрижидерчиња од целиот свет.
– – – – – –
Мажот е како Windows – ако заспал, кога ќе му го размрдаш глувчето, се буди.
– – – – – –
Луѓето си наоѓаат животни партнери на интернет, а јас се плашам една јакна да си нарачам!