10 кратки вицови за брзо и ефикасно подобрување на вашето расположение

Животoт не е приказна. Ако си ја загубиш штиклата вечерта, значи дека си камен пијана, а не Пепелашка.

– – – – – – –

– Нозете ти се како на срна!
– Тенки и долги!?
– Не, криви и влакнести.

– – – – – – –

Разгневен маж се враќа дома и ѝ вели на жена си:
– Сè знам!
Жена му реагира веднаш.
– Така ли! Кажи тогаш кој е петтиот по височина врв во светот?

– – – – – – –

Доаѓа комшивката и ме моли да ѝ ја поправам чешмата.
– Зошто не викнеш водоводџија?
– А бе, мавни ги тие пијандури! Од алкохолот сите се импотентни.

– – – – – – –

– Здраво, јас сум тој кој пред 15 години ја направи вашата сопруга жена!
– Не ме интересираат нејзините минати врски!
– Изгледа не ме разбравте. Јас сум пластичен хирург.

– – – – – – –

Ако сакате да направите бесплатен тест за урина, мочајте под дрво:
– ако мравките пристигнат = шеќерот ви е висок
– ако пристигнат муви = инфекција
– ако дрвото се исуши брзо = многу сол
– ако сте заборавиле да ги соблечете гаќите = Алцхајмер

– – – – – – –

Чувствувам како покрај овие цени на краставиците, ние мажите пак ќе се вратиме во мода. Трпение само!

– – – – – – –

Тој:
– Ти си мојата дрога.
Таа:
– Аууу, те правам среќен и не можеш да живееш без мене?
Тој:
– Не! Скапо ме чиниш и ми го расипуваш животот.

– – – – – – –

Ако гол маж случајно упадне во женска бања, веднаш започнува врескање, клетви и тешки навреди кон кутриот човек.
Ако пак случајно гола жена упадне во машка бања, напротив – сите мажи се радосни, насмеани и ја прифаќаат со мерак.
Тоа уште еднаш ја докажува добрината на машкото срце.

– – – – – – –

САД и ЕУ ѝ дадоа на Русија рок од 3 дена да ја нападне Украина. Инаку ќе ѝ воведат страшни санкции.