10 кратки вицови за брзо подобрување на расположението

Јас во принцип не пијам – само по малку. Кога ќе пивнам малку ми станува убаво, како да сум друг човек. Е тој другиот како пие!

– – – – – – –

– Докторе, низок ми е крвниот притисок, што да правам?
– Ожени се!

– – – – – – –

Прашавме 100 мажи:
– Со која фолк пејачка сакате да се заглавите во лифт?
– Со која и да било, само да не пее!

– – – – – – –

– Како е на кинески „ме боли главата“?
– Таков израз во кинескиот јазик не постои! Затоа се милијарда и пол.

– – – – – – –

Дали чашата со ракија ти е половина празна или половина полна се познава по здивот.

– – – – – – –

„Тоа што е твое, само ќе си дојде кај тебе“ И денес се покажа дека е точно. Дојдоа и сметките за струја, за вода, за телефон.

– – – – – – –

Според статистиката, секоја жена во текот на животот јаде околу 4 кг кармин. Според истата статистика, мажите во текот на животот во просек јадат по 1 кг кармин.

– – – – – – –

Дебел, ќелав, средовечен бизнисмен се гледа во огледалото некое време. Потоа се врти кон кревето каде што го чека млада полугола убавица и ја прашува:
– Не разбирам, како е можно до толку да ги сакаш парите?

– – – – – – –

– Драги, сакам да ти признаам нешто – близнаците не се од тебе!
– И двајцата ли?

– – – – – – –

Психичка зрелост кај жените е кога мајка ти ќе ти каже дека си се здебелила, а ти ќе и одговориш со прашањето:
– Има ли уште од зелникот?