10 кратки вицови за брзо подобрување на расположението

Средовечна криза е, кога децата ти пораснале, а ти уште не си!

– – – – – –

Ми го хакнаа мејлот. Не знам како им текна дека пасворд ми е годината во која Папата Грегориј IX го прогласува за светец Свети Доминик – 1234.

– – – – – –

Кога еден маж ќе ја најде жената на своите мечти, добре е да ги предупреди другите „мечти“ да не го бараат, барем извесно време.

– – – – – –

– Тука ли е терапијата за тие кои секогаш доцнат?
– Беше вчера.
– Ееее…
– Ама ништо, влезете, таман се собравме сите.

– – – – – –

– Шефе, платата ми е како возбудена жена…
– Зошто бе, Перо?
– Таман ќе ја пипнам и веќе свршила!

– – – – – –

– Зошто не ми се јавуваш? Ти се допадна ли вереничкиот прстен што ти го подарив?
– Да, и на моите другарки ептен им се допадна, а две дури и го препознаа…

– – – – – –

– Најмногу ми се допаѓа кај тебе што имаш многу добра смисла за хумор!
– Да, но и убав сум!
– Ха, ха, ха… добар си!

– – – – – –

Кога и да направам некоја глупост, секогаш ми текнува на луѓето кои земаат кредит за да направат свадба и ми станува многу подобро.

– – – – – –

Тетка Наде, чистачка на аеродромот во Скопје, знае да каже да 62 јазици:
„Каде газиш бе идиот, не ли гледаш дека е чистено!“

– – – – – –

Стариот пријател е повреден од двајца нови. Со пријателките е обратно!