10 кратки вицови за брзо поткревање на расположението

– Цуци, не знаев дека дедо ти има Бентли ма?
– Не ми е дедо, дечко ми е.

– – – – – –

– Жено, со кого 2 саати збориш на вратата?
– Со комшивката Кате, немала време да влезе.

– – – – – –

Две фрази секогаш и без исклучок го променуваат женското расположение: „ТЕ САКАМ“ и „50% ПОПУСТ“.

– – – – – –

Дојде време во кое им се забранува на паметните да мислат, за да не им ги повредат чувствата на глупите.

– – – – – –

– Докторе, кажи ми на чист македонски, што ми е?
– Многу пиете!
– А, сега и на латински, зошто и на жената нешто треба да ѝ кажам.

– – – – – –

– Добро утро! Рибата пресна ли е?
– Се разбира! Еве го рибарот тука, уште не може да отрезни за да си отиде дома!

– – – – – –

– Миличок, кажи ми нешто, од коешто ќе се почувствувам како вистинска жена?
– Во право си.

– – – – – –

– Срце, си забележала ли дека најголемите тиквари ги имаат најубавите жени?
– Ах бе Зоки бе, отсекогаш те бивало да дадеш добар комплиент…

– – – – – –

– Мила, дали би ми простила едно изневерување?
– А, не! Нема шанси!
– Значи иста си како жена ми!