10 кратки вицови за брзо поткревање на расположението

Животот е како шведска маса. Јади, пиј, весели се, колку можеш, со себе ништо не можеш да однесеш!

– – – – – –

Според статистиката на секој маж над 85 години имало по седум жени. Убаво. Ама касноooo…

– – – – – –

Животна лекција број 823: Ако носиш тула в рака додека врне, возачите внимателно ги заобиколуваат вирчињата за да не те испрскаат.

– – – – – –

– Шефе, платата не ми одговара на моите способности.
– Знам, ама не можам да те оставам да умреш од глад.

– – – – – –

– Од сабајле, дури сега седнувам!
– Зошто? Што правеше?
– Па, си лежев…

– – – – – –

– Ало брат, кај си бе, се изгуби. Да не си во изолација?
– Не бе, жена ми ми даде некое апче што ја убива желбата за пиене!
– И што правиш сега?
– Абе јас пак си пијам, ама без желба…

– – – – – –

– Преку глава ми дојде од твојата мрза! Собирај си го куферот и да те нема од тука!
Мажот ја погледнува, пивнува една голтка од пивото и вели:
– Ти собери ми го.

– – – – – –

– Кажи нешто мудро…
– Quidquid latine dictum sit, altum videtur
– А, што значи?
– „Што и да кажеш на латински, звучи мудро“

– – – – – –

– Докторе, како е жена ми?
– Бремена е!
– Но како така!? Не е можно, јас внимавав!
– Гледај сега, тоа ти е како пандемијата. Ти внимаваш, ама другите не!

– – – – – –

– По што се разликува обичната прост*тутка од политичката?
– Скоро по ништо! Првата треба да глуми орг*зам, а втората патриотизам!