10 кратки вицови за брзо разведрување

На чет:
– Какво тело имаш?
– Спортско.
– Гимнастика?
– Сумо.

– – – – – – –

Жената нервозно кон мажот:
– Пак ли јадеш?!
– Не ма… чекај, нешто ми влезе во устата…

– – – – – – –

Дома имавме еден нормален човек – баба. Готвеше, правеше муабет со нас, ни помагаше. Мама и тато ѝ подарија таблет. Крај, ја загубивме и неа!

– – – – – – –

Психичката нестабилност е најстабилното нешто во мојот живот.

– – – – – – –

– Многу ме интересира како ќе изгледам кога ќе имам 100.
– А бе, ти си голем оптимист…
– Зошто?! Само уште 4 кила ми фалат.

– – – – – – –

2022 година. Прва брачна ноќ:
– Мила, ти си имала ли други мажи пред мене?
– Не!
– Е јас да.

– – – – – – –

Ако се почитуваш себе си, на сабајле пиј кафе, направи си убав доручек и пак легни си!

– – – – – – –

Штотуку си го направив буџетот за февруари. Значи… ако не купувам храна, нема да ми треба ни тоалетна хартија.

– – – – – – –

– Жено, те боли ли главата?
– Не…
– Хмм, значи не работи…
– Што е работата?
– Ништо, ништо… Џабе си ги фрлив парите за глупавата вуду кукла.

– – – – – – –

Две другарки си прават муабет и едната ја прашува другата:
– Тебе каков ти беше првиот пат? Од љубов или за пари?
– Од љубов, се разбира, 500 денари пари ли се?