10 кратки вицови за брзо разведрување на тмурниот почеток на работната недела

Мајката на денот на свадбата ѝ го дава последниот совет на невестата:
– Запамети го ова ќерко: Никогаш не се расправај со мажот ти. Директно почнувај да плачеш.

– – – – – –

Ако некој ми беше кажувал дека ќе се радувам што го осеќам мирисот на кисела зелка во влезот на зградата, ќе го направев будала!

– – – – – –

Многу глупо ќе заврши годината ако во декември не дојдат и вонземјани.

– – – – – –

– Глупак си! И зафрканциите ти се глупави!
– Омажи се за мене…
– Оф, извини. Ти ова сериозно ли?
– Се зафркавам…

– – – – – –

Оди Пејо во лабораторијата да му земат крв. Го боцка сестрата на прстот, но од дебелата кожа на работничките раце не тече крв. Го боцка и на вторијот, и на третиот, но крв пак не потекува. Се изнервирала сестрата и започнала силно да му го шмука прстот. Потекло крв, а Пејо ѝ вели:
– Сестро, докторот рече и урина да ми земеш!

– – – – – –

– А бе смотан, уште ли си невин?
– Од сношти не сум, прашај ја сестра ти!
– Ха ха, јас немам сестра бе глуп!
– По 9 месеци ќе имаш!

– – – – – –

За денешните македонски политичари да се справат со ситуацијата има два начина – реален и фантастичен.
Реален – Да дојдат вонземјани и да им помогнат.
Фантастичен – Да се справат сами.

– – – – – –

– Жено, сум ослабел, ми паѓаат гаќите.
– Не си ослабел. Ми требаше ластик за маската…

– – – – – –

– Да пивнеме по една за храброст?
– Ти пивни, јас храбра си дојдов.

– – – – – –

Разговараат две пријателки:
– Знаеш ли, во последно време ми се врти една мисла во главата. Се некако ми се чини дека мажот ми не ме сака повеќе.
– Зошто мислиш така?
– Па веќе втора година не се вратил дома.