10 кратки вицови за брзо развеселување

Денес видов пред зградата две деца како си играат со топка. Се растревожив и ги прашав:
– Деца, да не ви ги украл некој телефоните?

– – – – – – –

Пубертет – тоа е период од животот на девојките, во кој гласчињата им мутираат од „не“ кон „да“.

– – – – – – –

Грешник во пеколот:
– Зошто веќе 100 години ме пржите во истото масло?
– Ах, ти ли не знаеш, сопственику на сендвичара!?

– – – – – – –

Пријателите доаѓаат и си одат, само чиниите за миење секогаш остануват…

– – – – – – –

Еден Македонец влегува во галерија, застанува пред една слика и прашува:
– Тоа ли е познатата венецијанска слика „Селанец јаде семки“ од 17-ти век?
Кустосот му одговата:
– Не господине, тоа е венецијанско огледало од 15-ти век.

– – – – – – –

Во новиот супермаркет има промоција на школски прибор – бесплатен е за секој кој е побрз од обезбедувањето.

– – – – – – –

Бараш хотел за одмор – Три-Ва-Го?
Ги гледаш цените – Е-Б@-Го!

– – – – – – –

– Што значи да успееш?
– Кога судбината ти свртела грб, а ти само ја чекаш да се наведне!

– – – – – – –

Вчера на плоштадот во Скопје видов како еден пратеник ги хранеше гулабите со ветувања.

– – – – – – –

Препорака во Македонија:
„Кажи, дека јас те праќам.“