10 кратки вицови за брзо развеселување
– Јас колку тројки сум правел во животот ехеееј…
Јордан, автомеханичар во сервис на БМВ.
– – – – – – –
Учителката прашува:
– Петар, зошто велиме „мајчин јазик“?
Тој:
– Затоа што таткото нема право на глас.
– – – – – – –
– Вчера му реков на мажот ми дека освен сопруга, сакам да му бидам и најдобар другар…
– И?
– Отворивме по едно пиво и кога почна да ми раскажува со каков ѕвер живее.
– – – – – – –
– Како си Аврам? Како живееш?
– Лошо Моше, многу лошо. Сирење со мувла јадам, старо вино пијам, кола без покрив, телефон без копчиња.
– – – – – – –
Добриот човек се познава лесно. Тој има убава насмевка, мил поглед и шише ракија во едната рака!
– – – – – – –
Долго се чудев какви чорапи да облечам со новите сандали. На крај решив да бидат бели. Свадба е сепак…
– – – – – – –
Во продавница за миленичиња:
– Имате ли камелеони?
– Не знам…
– – – – – – –
– Јас мрдам, ти мрдаш, јас мрдам, ти мрдаш… Ако мрдаме побрзо, ќе свршиме побрзо. Што е тоа?
– Шах!
– – – – – – –
– Лазе, испиј си ја ракијата!
– Ја испив!
– Подобро ли си сега?
– Подобро!
– Ти не си ти, кога си трезен…
– – – – – – –
1. Си лежиш на каучот и си мечтаеш за двојник, кој ќе прави се наместо тебе.
2. Добиваш двојник.
3. Двајцата лежите на каучот и мечтаете за тројник…