10 кратки вицови за брзо развеселување
Според статистиката, изразот: „Утре сум на работа!“, не спречил ниту еден Македонец да не се напие!
– – – – – – –
Европската комисија објави уште една сериозна пречка за нашиот влез во Европската Унија. Македонските мажи многу заостанувале зад европските, затоа што уште спиеле со жени.
– – – – – – –
И тој ми вели:
– Нешто многу си се здебелила…
А јас му велам:
– А, некој друг знае ли дека си тука?!
– – – – – – –
Женска пролетна диета – јадете по една душа на ден.
– – – – – – –
Човек е господар на својата судбина! Барем додека не запознае господарка…
– – – – – – –
Клиент се пријавува во хотел. Рецепционерката љубезно вели:
– Господине, ќе направиме сè што можеме зада се чувствувате како дома.
– Ве молам госпоѓо, немојте! Јас дојдов тука за да одморам!
– – – – – – –
Час по информатика. Наставничката:
„Ученици, за полесно да запамтите, хардверот е тоа што го клоцате, а софтверот е тоа што го пцуете.“
– – – – – – –
– За што постоу гравитацијата?
– За да не ја усе*еме и Вселената!
– – – – – – –
Сите ми посакуваат да се оженам за богата жена. Ако ми мислите добро посакајте ми богатство, не ми треба посредник меѓу мене и парите.
– – – – – – –
Кога таа се врати дома со неколку пива, пушти фудбал и почна да прави стриптиз, Тој сфати дека автомобилот не може да се поправи!
– – – – – – –
Гледам на вести и алкохолот поскапува.
Ајде ние сме пиеле, пиеле, ама жално за децата…
