10 кратки вицови за брзо развеселување
Ненадеен сончев удар е, кога твоето сонце те фати со друго сонце…
– – – – – –
Само Македонец може да пие во петок за здравје, така што во понеделник да не е ни жив ни мртов.
– – – – – –
Еден дечко запира жена во центарот Скопје и ја прашува:
– Бабо, како најбрзо да стигнам до Карпош 4?
– Многу е лесно. Наречи ме уште еднаш „бабо“!
– – – – – –
Го ставам, го вадам, го ставам, го вадам… Значи не можам да си го приберам палтото во шифоњерот од ова време!
– – – – – –
Не пијам, не пушам, не изневерувам, перам, чистам, готвам, пеглам и бришам прашина… Не се фалам – се жалам.
– – – – – –
Да… во Македонија се среќаваат и паметни луѓе, но со кого и каде, не знам!
– – – – – –
Ме поканија на кафе, а ми турија ракија. Веднаш сфатив дека тие луѓе ме сакаат и почитуваат.
– – – – – –
– Мамо, мамо, колку години треба да имам за да се враќам дома од излегување кога сакам?
– Сине, дури ни тетко ти нема толку години.
– – – – – –
– Твојот каков е во кревет – спринтер или маратонец?
– Оф, јас би рекла дека е оној со пиштолот што пука пред стартот на трката.
– – – – – –
Браво за комшивката! Дваесет и две минути го пцуеше мажот си и ниту еднаш не се повтори. Е тоа ти се вика наставничка по македонски јазик!