10 кратки вицови за брзо викенд развеселување

90% од Македонците страдаат од вишокот килограми… на политичарите!

– – – – – – –

Запознавање преку интернет:
– Кажи ми нешто за себе!
– Па, витка, симпатична, со големи гради…
– Супер! А како се викаш?
– Страшо…

– – – – – – –

Разговараат две пријателки:
– Миме, очајна сум. По свадбата Марко престана да ми обрнува внимание.
– Па, разведи се!
– Абе ајде! Што е крив маж ми?

– – – – – – –

Писмо до Дедо Мраз од едно дете:
„Драг Дедо Мраз, те молам, прати ми братче!“
Одговорот од Дедо Мраз:
„Драго дете… прати ми ја мајка ти!“

– – – – – – –

Интервју за работа:
– Имате ли искуство како трговец?
– На еден арапски шеик со 32 жени му продадов кукла на надувување.

– – – – – – –

– Тато, зошто лавчето на Пежото напред стои на две нозе?
– Бара каде има сервис, синко…

– – – – – – –

Детска мудрост:
Ако мама се смее на шегите на тато, значи дома има гости.

– – – – – – –

2024 година. Мајка го вика синот од терасата:
– Лука, ајде дома!
– Зошто? Гладен ли сум?
– Не. Студено ти е.

– – – – – – –

Две чавки летаат. Едната прашала:
– Колку е часот? – другата извадила термометар и рекла:
– Денес е понеделник!
Заклучок:
– Кој нема телевизор во боја, нема да јаде алва.

– – – – – – –

Нашиот проблем како Македонци не е што не можеме да ги нахраниме сиромашните.
Проблемот е што не можеме да ги нахраниме богатите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *