10 кратки вицови за цел ден да бидете насмеани

Соопштение: Од денес ЈСП престанува да превезува патници кои се физички неспособни да туркаат автобуси.

– – – – – – –

Два „Голфа“ излегуваат од производната лента и едниот му вели на другиот:
– Ајде поздрав, па ќе се видиме за 20 години во Тетово!

– – – – – – –

– Тошо, цел живот сме комшии. Мислиш ли дека ќе ти крадам WiFi?
– Не.
– А зошто тогаш нон-стоп го менуваш пасвордот?

– – – – – – –

– Мамо, тато е голем плашливец!
– Зошто зборуваш така за татко ти? Тој е најхрабриот човек на светот.
– Навистина!? А зошто тогаш, кога ти си на службен пат, тој секогаш оди да спие кај комшивката?

– – – – – – –

60-годишен милионер се жени за 22-годишна девојка. Пријателите го прашуваат:
– Како ја излажа толку брзо?
– Ја излажав малку за годините.
– Ѝ кажа дека си 40?
– Не! Ѝ кажав дека сум 90.

– – – – – – –

Семејна расправија – што да се гледа на телевизија, фудбалски натпревар или турска серија:
– Турска серија!
– Фудбал!
– Турска серија!
– Фудбал!
– Турска серија!
– С*кс!
– …а кој и кој играат?

– – – – – – –

– Вчера на училиште наставникот по техничко и наставникот по физичко се степаа…
– И што се случи!?
– Каратето си е карате, ама чеканот си е чекан…

– – – – – – –

Дебел маж стои пред училиштето. Поминува еден наставник и го прашува:
– Извинете господине, дете да не чекате?
– Не, стомакот ми е од пиво…

– – – – – – –

– Добар ден. Барам работа.
– Ја гледаш метлата во ќошот? Земи ја и почни да метеш.
– Извинете, но јас завршив факултет.
– Така ли? Тогаш гледај внимателно, ќе ти покажам како.

– – – – – – –

Итно се бараат хемичар и физичар кои ќе објаснат како најголемата тиња во Македонија исплива на површина.

  • ufnsurwbvk напиша:

    Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *