10 кратки вицови за цел викенд смеење

Македонска мајка му се дере на синот:
– Каква снаа си донел – таткото обвинител, мајката судијка, браќата полицајци. Тоа не е фамилија, туку цела мафија!

– – – – – – –

Баба ми ми велеше:
„Куќа каде што нема Басмати ориз, Сен Жак школки, киноа и тарталети… немој да ми ја фалиш!“

– – – – – – –

Богаташ ѝ приоѓа на една плавуша:
– Имаш ли дечко?
– Мажена сум.
– О, многу ми е жал.
– Немај гајле, не е сериозно.

– – – – – – –

Македонски адвокат го прашува клиентот:
– Имате ли алиби за времето кога е извршено кривичното дело?
– Имам, и во долари и во евра!

– – – – – – –

– Мамо, ќе излегувам.
– Со кого?
– Со другари.
– Кои другари?
– Не ги познаваш, немаат фејсбук.

– – – – – – –

– Зошто Македонец не оди на психијатар?
– Затоа што има ракија.

– – – – – – –

Наставничката прашува:
– Зоки, како гласи идно време од „се женам“?
– „Се разведувам“ учителке!

– – – – – – –

– Мамо, на училиште ми рекоа дека сум многу расеан!
– Зоки, живееш на 3-ти кат, а ова е 4-ти… и јас не сум мајка ти.

– – – – – – –

– Докторе, секое утро во 8 часот одам по голема нужда.
– Па тоа е добро, значи варењето ви е во ред.
– Да, ама јас се будам во 9…

– – – – – – –

– Ало миличок, можеш ли да зборуваш?
– Можам!
– Е па слушај сега…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *