10 кратки вицови за да ги заборавите сите грижи
11:30 часот вечерта, телефонот ѕвони:
– Ало Пеце брат, го напиша ли домашното по математика на син ти?
– Да!
– Дај да го препишам!
– – – – – – –
– Мамо, знаеш ли дека за тоа палто е измачено невино животно?
– Еј, не зборувај така за татко ти!
– – – – – – –
И рече Бог на Ева:
– Не јади од плодовите на ова дрво!
Но Ева не го послуша.
Жената одбила да го послуша Бог, а вие очекувате да го слуша мажот…
– – – – – – –
На рецепцијата во хотел:
– Многу сладок пар сте! Колку години сте во брак?
– Јас три, тој пет!
– – – – – – –
Неверојатно, но факт:
Најдобрите готвачи се мажи! А најдобрите готвачки се жени!
– – – – – – –
– Да беше поубав, ќе дојдев на состанок.
– Да бев поубав, ќе ја поканев другарка ти!
– – – – – – –
Таа после првата брачна ноќ:
– Ќе направиш ли кафе или ни тоа не знаеш?
– – – – – – –
Жените се лукави суштества! Готват вкусно за да се здебелиш и да не можеш да им избегаш!
– – – – – – –
За да ја импресионира својата партнерка, млад дечко ја одвел во многу добар италијански ресторан. Откако испиле убаво вино и се расположиле, тој го зел менито и со италијански акцент му порачил на келнерот:
– Ќе сакаме две порции Џузепе Спомдалучи.
– Извинете, господине, но тоа е сопственикот.
– – – – – – –
Семејна кавга, жената му вели на мажот:
– Престани да одиш по други жени! Ти жена имаш ли?! Како не ти е срам од луѓето?! Три деца имаме и ни едно не е твое…
Коментирај анонимно