10 кратки вицови за да го дочекате викендот со насмевка

– Тато, тато, што е тоа Парламент?
– Тоа сине е специјална зграда, во која криминалците се заштитени од законот!

– – – – – –

– Леле, е*ати шумата. Нема да ме чуди ако излезе некоја дива свиња!
– Слушајте да ви кажам. Ако продолжите вака, никогаш повеќе не доаѓам кај вас на депилација!

– – – – – –

Друго си е кога ќе изедеш половина леб со едно ќебапче, отколку само половина леб.
Нова македонска поговорка.

– – – – – –

Доцна вечерта разговараат на телефон две пријателки:
– Мажот ми кога заспа бладаше нешто за некоја Мими…
– Па прави муабет со него кога ќе се разбуди.
– Нема да се разбуди…

– – – – – –

– Убавиот грав на далеку се слуша!
Стара македонска поговорка.

– – – – – –

Една другрка ѝ се жали на друга:
– Леле, вчера излегов со тој симпатичниот дечко, а тој цело време ми зјапаше во деколтето!
– Биди благодарна, јас излегов со еден, тој цело време си зјапаше во телефонот…

– – – – – –

– Влезе ли?
– Малку.
– Е толку е…

– – – – – –

– Ооо, сонце, се врати ли од работа!
– Зошто ме викаш така?
– Затоа што дознав дека си ми ги огреал сите пријателки…

– – – – – –

¡ʇoɹɐzɐd po ɐɹnʇɐʇsɐʇ ɐʞsǝuᴉʞ ɯɐʌndnʞ ᴉs ɐp ɐɯǝu ǝʞǝʌ

– – – – – –

– Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е?
– Со здравјето како си?
– Одлично.
– Тоа е најважно.