10 кратки вицови за да останете насмеани и покрај тмурното време

Неверојатно но факт:
– И мажите и жените одат на фитнес, за да добијат идеално женско тело!

– – – – – – –

Во градски автобус:
– Како се мие мачето, мамо?
– Со лижење.
И сите се свртевме да ја видиме мајката.

– – – – – – –

Додека жена ми научи да вози, инструкторот ја научи цела „Оче наш!“

– – – – – – –

– Мила, фирмата на татко ми пропадна.
– Си знаев јас дека твоите ќе најдат начин да не разделат.

– – – – – – –

– Слушна ли дека Рената од мојот влез ќе оди да учи пијано во Италија?
– Вистина? Од каде толку пари бе?
– Аааа, ги собравме на куќен совет, тоа не се трпеше веќе!

– – – – – – –

Живеј со долгови, за да те памтат луѓето.

– – – – – – –

– Тето, тето, зошто секогаш си нашминкана? – прашува малиот Зоки Поки.
– За да сум убава!
– А колко време треба да помине, за да има ефект?

– – – – – – –

– Когато дознав дека работиш во Мекдоналдс осетив големо разочарување.
– Големо, средно или мало?

– – – – – – –

Пред некој ден кога падна Фејсбукот на неколку часа, државните службеници имаа ретка можност да поработат малку.

– – – – – – –

Жено, те молам, престани да правиш кавги! На моја возраст веќе немам сили да се смируваме по два пати на вечер!