10 кратки вицови за да се расположите по напорен ден
– Што пиеш?
– Смути. Многу е здраво и ме полни со енергија.
– Што има внатре?
– Малини, јагоди, водка, антидепресиви…
– – – – – – –
– Девојко, многу сте убава!
– Хах, кажи нешто што не знам!
– Колку е 6×8?
– – – – – – –
– Извинете, колку чини пицата?
– 400 денари. Но имаме попуст за убави жени.
– За мене колку ќе чини?
– 400 денари.
– – – – – – –
Жена му ѕвони на сопругот.
– Душо, разбрав дека секретарката ти починала. Може ли на нејзино место да ја ставиме мама?
– Разбери се со гробарите, не ме замарај со глупости!
– – – – – – –
Мало момче до мајка си:
– Мамо, ако јас сум теленцето, а ти кравата, тато бикот ли е?
– Татко ти е волот, бикот живее на соседната улица!
– – – – – – –
– Бабо, ми падна запчето.
– Не е страшно, стави го под перничето, утре ќе најдеш денарче.
– Ако ја ставам дедовата вилица, колку денарчиња ќе најдам?
– – – – – – –
– Мажу, какво е ова плаво влакно на твоето сако?
– Значи можеш да го видиш влакното од еден метар, а гаражната врата не можеш да ја погодиш!
– – – – – – –
Жената е во циклус. Мажот:
– Мила, прекрасна си!
– НЕМА ДА МИ КАЖУВАШ КАКВА СУМ, ЈАСНО ЛИ ТИ Е?!
– – – – – – –
– Што е телекомуникација?
– Кога зборуваш со некого и тој те гледа како теле.
– – – – – – –
Ако веќе го разликуваш левиот од десниот чорап – значи дека е време за перење.
Коментирај анонимно