10 кратки вицови за да си ја наполните душата со смеа

– Како се вика жена која секогаш знае каде е нејзиниот маж?
– Вдовица.

– – – – – – –

Мажот се качува на вагата и го вовлекува стомакот. Жената:
– Тоа нема да ти помогне.
– Помага, помага, инаку не ги гледам бројките.

– – – – – – –

Предупредувачки знак во фабрички погон:
Внимание!!!
Ако сукњата ви е предолга, пазете се од машините.
А ако е прекратка, пазете се од колегите.

– – – – – – –

Пепелашка ја засади и последната семка од тиква, се потпре на мотиката и воздивна, гледајќи ја нивата:
– Наскоро ќе имам автосалон…

– – – – – – –

Како да започнеш кавга:
– Како си душо?
– Нешто не сум расположена!
– Да не се мереше пак на вагата?

– – – – – – –

Докторот:
– Честитам, жена ти е бремена!
– Како бремена? Јас секогаш внимавав и 100% сум сигурен дека сте грешка.
– Ти може си внимавал, ама другите не внимавале.

– – – – – – –

Девојка разговара со својот дечко:
– Срце… Имам голема вест.
– Каква?
– Трудна сум, машко е!
– ШТООО!!!
– Се зезам…
– Уф, се исплашив!
– Те излажав, женско е!

– – – – – – –

„Подобро да држиш целулит во раце, отколку да гледаш силикон на телевизија.“
– ДРЕВНА МАШКА ИЗРЕКА

– – – – – – –

„Патувате двојно повеќе време за истите пари!“
– Нова рекламна кампања на Македонски железници.

– – – – – – –

Прашуваат македонски бизнисмен:
– Како така го почна бизнисот пред шест месеци, а веќе имаш еден милион?
– Е па, ова е Македонија! Го започнав со два…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *