10 кратки вицови за долго смеење
Оглас:
„Продавам BMW. Колата е возена само на кратки растојанија. Дома – сервис – дома.“
– – – – – – –
Пецо ја одвел жена си на кино за да го гледаат „Годзила“. Кога чудовиштето се појавило на екранот, жена му извикала:
– Офлеле, мајко!
– Еј да, навистина личи на мајка ти – се согласил Пецо.
– – – – – – –
Жената отворила Мотика и чита на глас:
– 90% од мажите изневеруваат!
Мажот:
– Јас сум од другите 10% срце!
Жената продолжува:
– Другите 10% се хомосе*суалци.
– – – – – – –
– Перо, зошто се разделивте со Ленчето?!
– Јас сакав да ѝ купам куќа, кола, да патуваме по целиот свет… Но таа не сакаше да земе кредит!
– – – – – – –
– Мажу, ми текна како да заштедиме за да имаме пари за на море.
– Како?
– Ти нема да одиш…
– – – – – – –
Маж му се жали на другарот:
– Брат, женската ми раскина.
– И сега, што?
– Сега сум сам – со жена ми и децата.
– – – – – – –
Двајца рибари седат на брегот на реката и чекаат.
– Во риболовот најважно е трпението.
– Од сабајле трпам. Не можам повеќе. Вади ја ракијата!
– – – – – – –
Жената му вели на мажот:
– Ајде да си купиме кола. Ќе се научам да возам, ќе го видиме светот!
Мажот:
– Овој или оној?
– – – – – – –
Си купив куќа со технологија „паметен дом“. Додека бев на работа, куќата си заминала од државата!
– – – – – – –
Работникот во македонска државна фирма му вели на шефот:
– Шефе, лопатата ми се скрши!
– Ништо, потпри се на багерот.
Коментирај анонимно