10 кратки вицови за долго смеење

Дефиниција за мрза:
Способноста да си одмараш, уште пред да се умориш!

Маж ѕвони во фирма за крстарења:
– Со жената сакаме да ја прославиме 20-годишнината од бракот со крстарење, но сакаме нешто ПОСЕБНО…
– Јасно! Сакате посебни кабини!
– Ако може, посебни бродови…

На ургентното одделение докторот го прашува пациентот:
– Како ја добивте оваа повреда на главата?
– Решив да се смирам со жената. Си реков, зошто да не ѝ купам фустан? Лошото беше што гадината се разбуди, и тоа баш кога ја мерев со метрото.

Две плавуши во пустина:
– Гледај, овде имало мраз!
– Како сфати?
– Па фрлале песок!

Разговор меѓу маж и жена:
– Кога комшијата си купи телевизор, ме натера и ние да купиме. Кога си зема нова кола, пак ме натера и ние да земеме. А сега што правиме?
– Зошто, што се случило?
– Па, си зема нова жена!

– Му дадов на Зоки илјада денари на заем!
– Го прегрна ли?
– Не, зошто?!
– Веројатно нема повеќе да го видиш!

Поради пожарите во Холивуд, НАСА ги прекинува сите мисии до Месечината и Марс.

– Докторе, не се чувствувам добро!
– Пиеш ли?
– Не!
– Па, што очекуваш?!

– Кога си роден?
– На 14-ти февруари.
– Аха, љубовџија значи.
– А ти кога си роден?
– На 2-ри февруари.
– Аха!

– Бев на лекар, погоди што ми кажаа.
– Слаб слух?
– Не.
– Слаб имунитет?
– Не.
– Настинка?
– Не.
– Се предавам, што?
– Слаб слух.

<style>p{-webkit-user-select: none; -khtml-user-select: none; -moz-user-select: none; -o-user-select: none; user-select: none;}</style>

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *