10 кратки вицови за долго смеење
Здравјето е поскапо од парите… и секоја година станува сè поскапо и поскапо!
– – – – – – –
– Комшике, веќе неколку дена не слушам да се карате со маж ти.
– Е па сега сме скарани.
– – – – – – –
Лесно е да се разберат мажите. Тие имаат само две чувства. Значи, ако го видиш без ерекција, направи му сендвич.
– – – – – – –
Зоки ѝ купил на жена си неколку пара гаќи во иста боја.
– Зошто ми купи исти гаќи? Ќе си помислат луѓето дека не ги менувам!
– Кои луѓе ма?
– – – – – – –
Шефот толку долго и жестоко му се дереше на Перо, што по инерција му излета:
– Да, мила!
– – – – – – –
Чак Норис го отвора фрижидерот и гледа како пудингот се тресе.
Му вели:
– Смири се, дојдов по пиво!
– – – – – – –
На Германецот му се насолзија очите од среќа кога го виде својот Голф, што си го купил пред 23 години, паркиран пред хотел на Попова Шапка.
– – – – – – –
Разговор меѓу сопружници:
– Душо, имам голема вест – бремена сум!
– Драга, јас имам уште поголема вест – стерилен сум!
– – – – – – –
– Што ќе ми подариш за 8-ми март?
– Па, ништо!
– Еее, барем речи ми дека сум убава!
– Ааа, тоа на 1-ви април!
– – – – – – –
Бракот е како лотарија. Понекогаш добиваш ти, понекогаш комшијата…
Коментирај анонимно