10 кратки вицови за долго смеење
– Еден дијазепам, ако сакате.
– Рецепт имате ли?
– Госпоѓо, јас ако имав рецеп, сама ќе си го направев.
– – – – – – –
Добрата секретарка вели:
– Добро утро, шефе!
А одличната секретарка вели:
– Веќе е утро, шефе!
– – – – – – –
Чудни времиња дојдоа. Жените земаат кредит за пластична операција, за да ги импресионираат мажите што зеле кредит за кола.
– – – – – – –
– Девојко, вие ли го чекате принцот на бел коњ да дојде?
– Да.
– Е, па еве ме… дојдов!
– Супер, а принцот каде е?
– – – – – – –
Жена трча по автобус и вика:
– Запрете! Ќе задоцнам за работа!
Луѓето внатре му се развикале на возачот:
– Запрете го автобусот, жената ќе задоцни за работа!
Запира тој, жената се качува и вели:
– Оф, благодарам, за малку ќе задоцнев за работа. Билетите за контрола ве молам!
– – – – – – –
Оглас на МВР:
„Лекуваме клептоманија со клаустрофобија.“
– – – – – – –
– Со апетитот како сте?
– Па, ту имам – ту немам докторе…
– А кога немате?!
– Откога ќе се најадам едно убаво…
– – – – – – –
– За бившата зборувам само убави работи.
– Зошто? Уште ли ја сакаш?
– Не, ама нели треба и друг некој да се за*бе!
– – – – – – –
Учителката:
– Зоки, домашно имаш ли?
– Да, учителке. Да ви турам ли?
– – – – – – –
Велат дека жената се заљубува кога ќе ја натераш да се смее… Но, ако го прави тоа додека си гол, тоа воопшто не е добар знак.
Iskreno od koi luge Vi se vicovite?
Nove, ne jadi mnogu slatki… uzivaj vo vicojte….
Коментирај анонимно