10 кратки вицови за долго смеење
Како да преживееш во Македонија?
Совет #1:
Кога се ближат избори, не ја оставај вратата отворена, зошто може да ти го асфалтираат ходникот.
– – – – – – –
Вистинскиот домаќин си ги крпи чорапите со конецот од кесичката за чај.
– – – – – – –
Кога имаш деца започнуваш повторно да ги прашуваш родителите дали може да излезеш вечер.
– – – – – – –
Фактот дека ви требаат сведоци за да се ожените е доказ дека правите криминал.
– – – – – – –
Одлично лето – тоа не е кога ставаш слики на социјалните мрежи, туку кога ги криеш во папки на компјутерот!
– – – – – – –
Натпис во бар:
„Не врлајте ѓубре во писоарот, затоа што раката што ги вади, потоа ви става лед во пијачката!“
– – – – – – –
– Жено, соблекувај се, докторот ми препиша стриптиз!
– Изгледа требало да ти препише диоптер! Тука пишува „Стрепсилс“!
– – – – – – –
– Велат дека колку една жена е попаметна, толку помалку изневерувала.
– Тотална глупост. Едноставно не можат да не фатат!
– – – – – – –
– Мила, тиквичките со оцет се многу убави!
– Не се со оцет, од претходната среда се.
– – – – – – –
Колку и да се скапи горивата, ништо не оправдува двајца мажи, гушнати на тротинет.
– – – – – – –
– Знаеш ли, дека ако прднеш во Вселаната, ќе се придвижиш напред?!
– И во градски автобус е така…
Коментирај анонимно