10 кратки вицови за долго смеење
– Миле, што си седнал во кафана бе, шефот те бара цели 2 саати.
– Оди и кажи му на шефот дека добар работник тешко се наоѓа.
– – – – – – –
„Дедо Мраз, ќе бидам кратка. Ми требаат пари и сакам да ослабам.“
„И јас ќе бидам краток. Вработи се и не јади толку!“
– – – – – – –
За празниците ќе се заклучам дома и нема да излегувам цела недела.
Нека пукнат комшиите од мака. Ќе мислат дека сум во Виена.
– – – – – – –
Млад дечко тргнува да служи воен рок. На качување во возот се збогува со баба си и таа му дава совет:
– И слушај внучко, најваѓно е кога ќе видиш официр да го поздравиш.Разбра ли?
– Разбрав бабо, разбрав!
Кога војникот пристигнал во касарната, гледа еден повозрасен господин во униформа. Му се приближува и му вели:
– Вие официр ли сте?
– Да.
– Многу поздрави од баба ми!
– – – – – – –
– Татo, што е тоа позитивна мисла?
– Тоа е сине, да му посакаш добро на целиот народ…
– Да ни цркнат политичарите тато!
– – – – – – –
– Зборувате со симпатичен акцент. Од каде доаѓате?
– Од кафаната…
– – – – – – –
– Брат ми не пие, не пуши, не оди по жени.
– Да не е болен?
– Не, не… 10 години е!
– – – – – – –
– Келнер, дај ми виски со Кока Кола!
– Заврши, бива ли со Пепси?
– Да!
…и тогаш прв пат во животот пиев Пепси со Кока Кола.
– – – – – – –
– Душо, што ќе ми купиш за Божиќ?
– Ништо, тоа е роденденот на Исус, а не твојот!
Коментирај анонимно