10 кратки вицови за долго смеење

Отидов во Украина по Волга, се вратив со Олга. Сега цело село ја вози…

– – – – – –

Најмногу се плашам да не го изгубам вкусот заради вирусот и да почнам да слушам турбо фолк.

– – – – – –

Големиот нос не е доволна причина да се оди без маска. Еве јас на пример не одам без гаќи.

– – – – – –

Се чудам зошто некои мажи се против бракот?! Толку ли е тешко да го правиш тоа, што ти го кажува жена ти?

– – – – – –

Подобро жената да зборува Бог знае што, отколку да молчи Бог знае зошто!

– – – – – –

50-годишна дотерана дама оди на посета во затвор:
– Доаѓам на сопружничка посета.
– Име на затвореникот?
– Кој и да е! Јас сум доброволка!

– – – – – –

– Некој ти кажал ли колку си убава?
– Не…
– Барем знаеш дека околу тебе имаш искрени луѓе!

– – – – – –

Идеалната жена е глувонема нимфоманка, сопственичка на продавница за алкохол, а идеалниот маж пак е хибрид меѓу вибратор и банкомат!!!

– – – – – –

– Жено, ти за што мечтаеш?
– За принц на бел коњ!
– Така ли? Е па јас сум поскромен. Мене ми е доста комшивката…

– – – – – –

За да не се разболувам преминав на витамин „ЦЕ“ – мезенЦЕ, винЦЕ, пиленЦЕ, прасенЦЕ!