10 кратки вицови за долго смеење

апонски преведувач бил отпуштен, откако од македонски на јапонски не успеал да го преведе дијалогот:
– Што правиш?
– Ништо, работам.

– – – – – –

Последните зборови на лебарката кон мажот кој ја згазнал:
– Ми завидуваш затоа што јас ја терам жена ти повеќе да вреска од тебе, нели…

– – – – – –

Во петто одделение не ми даде два листа од средината на тетратката, а сега покана за пријателство ми праќа! Ај сиктер, бе…

– – – – – –

– Може ли да ве испратам?
– Не, жал ми е, јас сум мажена!
– Јас исто така сум женет… и исто така ми е жал!

– – – – – –

– Тато, еден на училиште ме нарече геј.
– И го претепа ли сине?
– Не можев, многу е сладок…

– – – – – –

– Ме сака, не ме сака… Ме сака, не ме сака…
– Што правиш брат, маргаритка ли кинеш?
– Не, бе.. Бришам пријатели на Фејсбук…

– – – – – –

– Докторе, мојот само за с*кс зборува.
– И што лошо има во тоа?
– Ама тој само зборува!

– – – – – –

Знаеш дека дошла зима во Скопје, кога препознавањето на лицето на телефонот престанува да ти работи од смогот…

– – – – – –

Мажот лежи на креветот в спалната и вика:
– Женооо, доаѓај брзо, конечно успеав да го кренам, ама тивко, да не те познае.

– – – – – –

Македонски политичар после одмор во Египед во декември доаѓа во партискиот штаб и им раскажува на сопартијците:
– Таму снегот е жолт и жежок, а елените плукаат…