10 кратки вицови за долго смеење

Памтам, мајка ми кога и да отидеше на родителска средба, секогаш се враќаше во идеално чиста куќа.

– – – – – –

Кога една жена сака да му се одмазди на мажот, тогаш и ѓаволот седи, гледа и учи…

– – – – – –

Докажано е дека канабисот предизвикува краткотрајна меморија и човек веднаш заборава што кажал… Исто така е докажано дека канабисот предизвикува краткотрајна меморија и човек веднаш заборава што кажал…

– – – – – –

– Како се вика љубовник на јапонски?
– Јакошиба!
– А сопруг?
– Тушибатунешиба!

– – – – – –

Мажот ми се враќа порано од службен пат… Веднаш оди во спалната и бара во шифоњерот, потоа бара под креветот, па на терасата. Го гледам, се смешкам и си мислам:
„Барај, барај, и јас само што се вратив!“

– – – – – –

Имам 2 баби, модерна и селанка. Селанката ми праќа компоти, јајца, туршија, месо… А модерната: „Многу поздрави“…

– – – – – –

– Мажу, каде ќе ме однесеш на Нова година?
– Кај мајка ти.
– А за Велигден?
– За Велигден ќе дојдам да те земам.

– – – – – –

Гледам еден маж на улица како 40 минути го држи телефонот на увото и молчи. Си велам, овој сигурно се кара со жената.

– – – – – –

Сабота, рано наутро, мажот тргнува на лов со другарите.
Жена му:
– Што ќе ловите денес?
– Елени рогоносци…
– Ејјј, ќе се испотепате бе…

– – – – – –

– Мамо, мислам да си ставам силикон на усните и на градите.
– Да не си помислила! На татко ти ќе му треба за туш кабината во бањата!