10 кратки вицови за долго смеење

– Шефе, се омажив. Дали ќе може да ми ја покачиш платата?
– За несреќни случаи, надвор од работното место, фирмата не сноси одговорност!

– – – – – –

Имам едно егзинстециално прашање. Зошто за летечки маж се вика Супермен, а за жена – вештерка?

– – – – – –

Убавиот с*кс започнувал од 50 нагоре… За € правиме муабет!

– – – – – –

Најстрашната клетва во денешно време:
– Да даде Господ се од Месинџерот да ти излезе на ѕидот!

– – – – – –

Секоја жена има две усни за да изговори куп глупости, и други две за да се извини!

– – – – – –

– Тато, зошто на нашето Пежо лавчето е исправено на две нозе?
– Гледа каде има сервис во близина сине!

– – – – – –

Ова да видам, она да видам и оп два и пол.

– – – – – –

Не е коректно да се вели „женет“, требв да се вели „човек со ограничени можности“!

– – – – – –

Секоја жена тражи во мажот три нешта: да е вистински маж, пријател и љубовник. Научно е докажано дека послесно можеш да пронајдеш нафта!

– – – – – –

Дефиниција за домазет:
– Магаре врзано за слива, во туѓ двор…