10 кратки вицови за долго смеење

Кога ќе погледнеш трезвено на сѐ што се случува во Македонија, тогаш најмногу ти се сака да пивнеш…

– – – – – –

Шефот вчера не собра сите и вели:
– Ајде наредете се, паметните на лево, убавите на десно!
Му велам:
– Шефе немојте така… Јас сега шпага ли да направам?!

– – – – – –

Уште 2-3 месеци без фитнес и ќе имам тело за министер.

– – – – – –

– Како успеавте да останете заедно 60 години?
– Успеавме затоа што сме родени во време кога работите се поправаа, а не се фрлаа.

– – – – – –

– Како разбираш кој жена е добра?
– По зборувањето!
– А ако не зборува?
– Е толку добра уште не сум сретнал!

– – – – – –

– Брат, имам состанок со една женска! Што да направам, за да ја импресионирам?
– Знеш што ќе ти е најпаметно? Испрати некој друг на состанокот!

– – – – – –

Жените ги познаваат жените толку добро, што не им веруваат на своите мажи!

– – – – – –

Си купив паметна вага. Сега штом ме види се крие под креветот.

– – – – – –

Рано наутро го гледам комшијата дедо Тошо носи леб:
– Мек ли е? – го прашувам јас.
– Е, па мек е комши, мек е, ако беше тврд немаше да ме праќаат по леб.

– – – – – –

На шега пуштив пост дека си барам маж и 100 жени ми одговорија:
– Земи го мојот.
Ама јас сакам сама да си го дресирам.