10 кратки вицови за долго смеење

Не си вистински Македонец, ако не пиеш пред да отидеш да пиеш… И да не си допиеш кога ќе се вратиш…

– – – – – –

Многу е глупо чувството кога ќе отидете со жена ти на одмор и таа ќе види бутик на “Dolce & Gabbana” или на “Gucci” и ќе влезе, се разбира, а внатре си ја гледаш платата напишана на пар чорапи!

– – – – – –

Македонец прашува Арап:
– Брат, како е да имаш 2-3 жени?
– Исто е како кај вас, само што ние не се криеме!

– – – – – –

Дај му на човек риба и ќе се нахрани. Дај му јадица и… ќе се напие.

– – – – – –

– Мажу, да отидам ли да му испеам една песничка на детето за да заспие?
– Пробај прво со добро, мила!

– – – – – –

Пациент оди по рецепта од матичниот доктор:
– Охооо, што гледам тука! Нешто венерично си фатил! С*кс со непозната?
– А да, непозната, половина град ја знае.

– – – – – –

До сите жени кои мислат дека љубовта на мажот поминува преку стомакот: Мажите не одат кај швалерките за да јадат муасака!

– – – – – –

Судијата:
– Зошто жена ви сака да се разведе од вас?
Мажот:
– Немам поим лепотане!

– – – – – –

Машка молитва за после 35-тата:
„Господи, ако един ден направиш да не можам, те молам направи и да не сакам!”

– – – – – –

Жената му се јавува на мажот целата испаничена:
– Што се случува!?
– Оффф, што ме снајде, во возилото на брзата помош сум, мама ја касна една скорпија…
– Како една ма, во бонбониерата имаше четири!?