10 кратки вицови за долго смеење
Што е тоа? Орган којшто нема коски во него, има вени, пулсира и се поврзува со љубовта?
Драги дами, спротивно на вашите очекувања – тоа е срцето!
– – – – – –
Кога поминувате улица во Македонија, не гледајте во семафорот, туку во автомобилите! Исклучително ретки се случаите на луѓе удрени од семафор!
– – – – – –
Си купив паметен фрижидер со распознавање на лице. Првата вечер му велам:
– Ајде отвори се бе, пи*ка ти мајчина…
А тој им одговара:
– Вие го достигнавте максималниот број на калории. Ве молам дојдете утре.
– – – – – –
– И запомни, сине! Кога ќе затвориш една врата, друга ќе се отвори!
– Знам бе, тато. Не ми е прв пат да го возам Југото…
– – – – – –
Отидов на забар, ги видов цените на вештачките заби. Ќе си земам блендер.
– – – – – –
„Ја гледам целта. Пречки не гледам. Верувам во себе! Јас можам!“ – беа последните мисли на кокошката, пред да претрча преку улицата.
– – – – – –
– Како го постигнуваш тоа, да си толку младолика за своите години?
– Како, како? Па, лесно е! Ги лажам сите дека сум 10 години постара.
– – – – – –
Жена ми веќе 20 дена ја боли половината. По цела ноќ офка. Јас по цел ден одам со зацрвенети очи. Кошивките ме гледаат со восхит и влажен поглед.
– – – – – –
Денешните огласи за работа звучат вака:
„Бараме девица со минимум 2 години искуство во с*ксот!“
– – – – – –
– Не те ли натажува фактот, дека сите другарки ти се омажија, а ти не?
– Ме натажува, ама не знам како да им помогнам.