10 кратки вицови за долго смеење
При ископување на еден локалитет во Македонија, археолозите открија мотика од 4-тиот век пред нашата ера. Заклучок: Уште во времето на Александар Македонски, Македонците ги закопувале мотиките за да не работат!
– – – – – –
Мајката го учи детето математика:
– Ако имаш шест бонбончиња. Колку ќе ти останат, ако ти побарам едно?
– Шест.
– – – – – –
ПРОМОЦИЈА:
– За секој маж кој ќе купи тава за 8-ми март… подарок кацига!
– – – – – –
Разговараат двајца македонски историчари:
– Колега, како што се одвиваат настаните во Македонија, се прашувам каква ли иднина не чека после 20 години?
– За*би иднината, после дваесет години ние не знаеме какво минато не чека!
– – – – – –
– Мажу, денес што ќе работиш?
– Ништо!
– Ти и вчера ништо не работеше!
– Имам уште малку да довршам!
– – – – – –
Стар ерген се фали:
– Мене 1000 пати ме молеле да се оженам, ама јас не сакав!
– И кој те молел толку многу?
– Моите.
– – – – – –
Сончев удар е кога твоето сонце ќе те фати со друго сонце.
– – – – – –
Мајката ѝ вели на ќерката:
– Ќерко, вечер правиш роденденска забава. Еве ти неколку презервативи, да си имаш…
– Мамо, јас имам само 15 години!
– А јас 30!
– – – – – –
Порано влегував во барот со зборовите „За мене како и обично“. Сега така влегувам во аптеката.
– – – – – –
– Зошто мажите многу лажат!?
– Затоа што жените многу прашуваат.