10 кратки вицови за долго смеење

И како да му објаснам на детето дека треба да си го „развива мозокот“, кога з*дникот на Џенифер Лопес е осигуран на 27 милиони долари?

– – – – – –

Жените се како мобилни оператори – или се зафатени, или се недостапни, или немаш доволно пари на сметката.

– – – – – –

Само Македонецот кога е на работа, мисли од каде да заработи пари!

– – – – – –

– Една салата „Цезар“, ве молам… колку чини?
– 300 денари!
– А да ве прашам нешто? Цезар лично да не ги копал марулите?

– – – – – –

– Ми се допаѓаш!
– Имам дечко.
– Толку си убава, што заслужуваш да имаш два!

– – – – – –

– Мажу, си зел плата. Дај некоја пара!
– Не денес, ме боли главата!

– – – – – –

Свекрвата ѝ вели на снаата:
– Снајке, гледам внучето не личи баш многу на мојот син!
Снаата, ја крева сукњата и ѝ вели:
– Ова на фотокопир ли ти личи?

– – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Знаеш ли дека за да се исплете еден џемпер требаат три овце!
– Ајдеее… А јас не знаев ни дека знаат да плетат.

– – – – – –

На клиниката за гинекологија вовеле нова услуга. Сега за време на раѓањето, освен мажот може да присуствува и таткото на бебето.

– – – – – –

Дрмнал огнена водица
и си легнал со убавица,
а кога се разбудил,
многу се зачудил:
Како толку ракија,
успеав да испијам!?