10 кратки вицови за долго смеење

Понеделник наутро, шефот прашува еден од вработените:
– Очите ти се зацрвенети, си пиел цел викенд се до сабајлево, нели?
– Не бе шефе, ми недостигаше работата, плачев!!!

– – – – – –

Се враќа мажот на една плавуша од службен пат и гледа на спалната лежи гол маж.
Веднаш го отвора шифоњерот и вели:
– Колку пати да ти кажувам мори, дека ТОЈ треба да се крие!!!

– – – – – –

Зетот ја одвел болната баба на доктор. Откако бабата излегла од ординацијата, зетот влегол за да поразговара со докторот за нејзиното здравје.
– Докторе, има ли надеж?
– Нема синко, нема… – воздивнал докторот – тоа е само обична настинка!

– – – – – –

Староста започнува тогаш, кога трошиш повеќе пари за поддршка на здравјето, отколку за неговото уништување.

– – – – – –

Искусниот ловец на мечки, секогаш го пушта неискусниот да оди напред!

– – – – – –

Мажот ми кажа дека докторот му рекол дека јас можам да му ги ишмукам камењата од бубрезите. Три дена веќе пробувам и имам некое чувство дека ме лаже.

– – – – – –

Истурив чаша ракија врз лаптопот. Екранот се стемни веднаш, а за неколку секунди се појави натпис:
– Тури уште една и приближи ја салатата! На здравје!

– – – – – –

Љубовта пламнува, гори бурно, се стишува и си оди. Но мажот ти останува и треба да му готвиш…

– – – – – –

– В CV-то Ви пишува дека сте биле поштар…
– Не бев поштар.
– Еве овде пишува дека од 2012 до 2014 сте биле во поштата.
– Да, требаше да си земам една пратка.

– – – – – –

Оглас за работа:
„Итно се бараат сестри-близначки со голема разлика во килограмите, за снимање реклама за нов метод на слабеење.“