10 кратки вицови за долго смеење

Синот средношколец се враќа од училиште, влегува во својта соба, по кратко време излегува и го прашува својот татко:
– Тато, да не си ми ги видел цигарите? Ми беа на бирото.
– Батали ги сега цигарите сине, доаѓај ваму да ми помогнеш да го избркаме диносаурусот од кујната!

– – – – – –

Плавуша постира стори на Инстаграм со текст:
Знаете ли дека огледалото за шминкање на колата, ако се заврти малку се гледаат колите од позади? Многу јако!

– – – – – –

Ми го украдоа паричникот, а внатре имав само 100 денари. Ужас! Станав за резил пред луѓето!

– – – – – –

Правило број 1 за успех на социјалните мрежи:
Колку постара слика ставаш, толку помлад изгледаш.

– – – – – –

– Сонце, што правиш?
– Па, греам!
– Како грееш?
– Така лесно… Манџа на шпоретот.

– – – – – –

Не можам да разберам, зошто некои луѓе се против бракот? Толку ли е тешко да правиш што ти кажува жена ти?

– – – – – –

Најсигурното место за криење нешто од жената е да го ставиш во нејзината чанта.

– – – – – –

Едно време, бабите им велеа на внучињата да им го вденат конецот во иглата, а сега ги викаат за да им го напишаат пасвордот на Фејсбук!

– – – – – –

Кога шефот прдне, лижачите дишат длабоко – народна поговорка.

– – – – – –

Во преполнет градски автобус:
– Госпоѓо, фатете се за дршката, за да не паднете…
– Ама јас сум се фатила.
– Е да, ама јас ќе се симнувам…