10 кратки вицови за долго смеење

Македонските научници откриле дека гладувањето помага како и за нормализирање на телесната тежина, така и за отплата на хипотекарниот кредит!

– – – – – –

– Господине, пулсот Ви е прилично забрзан!
– Сестро, тоа што сте го фатиле не ми е раката!

– – – – – –

Дефиниција за среќа: Кога од аптеката, освен презервативи, ништо друго не ти треба.

– – – – – –

– Барам работа.
– Имате ли искуство?
– Да, веќе две години барам.

– – – – – –

Македонски родители си го исфрлија детето на улица! Го оставија да се снаоѓа само, како знае и умее и тоа точна на неговиот 50-ти роденден.

– – – – – –

– Тато, тато, што има мама меѓу нозете?
– Рај сине!
– А ти, тато?
– Клуч за тој рај сине!
– Тато, смени го веднаш, зошто чичко Миле има дупликат!

– – – – – –

Шефот кажува глуп виц. Сите вработени се газат од смеење, само еден си молчи.
– Ти зошто не се смееш бе?
– Јас ќе давам отказ.

– – – – – –

Како се менуваат времињата. Некогаш крадевме цреши од комшиите, а сега WiFi.

– – – – – –

Зоки ѝ призна на жена си за изневерувањето. Таа наеднаш исчезна. Не ја виде 3 недели. Потоа успеа да го отвори левото око.

– – – – – –

Бетовен, апсолутно глув напишал прекрасни симфонии. Зошто тогаш нашите политичари, апсолутно глупи, да не можат да напишаат прекрасни закони?!